Да се погледнеме во очи и ке го видиме братот

Замислете на момент, да ве прогонуваат од родниот крај, со децении, да ве палат, силуваат, убиваат, да нема кој да ви подаде рака, да сте оставени сами против сите, вие со голи раце а тие со дивизии, армии.

И бегате, бегате стотици илјади, неколку стотици илјади во Бугарија. Таму државата само што се родила, слаба, сиромашна, земјоделска, и тоа примитивно земјоделска. Ја делат и земјата, храната и сонцето со вас, даваат шанса да бидеш премиер, министер, генерал, имаат доверба значи и животот да го доверат на вас, дивизиите се доста големи формации, се водат војни, катастрофи, нови прогони, силувања и палења во родниот крај, а тие, сега што се навредуваме, народот со тебе, геополитички Големие сили се против тебе, единствено што бараа да кажеш е брат, тие не колонизираа како другите ти браќа, не останал ниту еден во родната ти грутка…

Минале години, се сменило, што заборевено, што на сила искривено, скриено, прилагодено за едни други да бидат херои…

Народот не е виновен, брат е, политичарите клекнале одамна, направиле грешки, продале цели идеали и борба за слобода на братот од другата страна на ридот, а другото е крв, солзи и инат. Славните времиња се потопиле во жестоката нова „братска“ прегратка, воздухот бил скап…

Ако бидуваме европејци, треба да си простиме многу работи, ако не за нас, за нашите деца, барем нив да не ги труеме со примитивна балканска заостанатост кој е храна за вековните ни душмани. Доволно е да се погледнеме во очи, сами, тие не лажат никогаш, ќе го видиме братот.

Четете още

Избор на редактора