Драга професорке Најчевска,
За разлика од другите окупации на вардарскиот дел од Македонија, Бугарите имале суштествена разлика, не носеле колонизатори.
Нема евидентиран случај некој од Плевен или Бургас да му земал нива или куќа на некого од Свети Николе или Битола, но има случај да некој од Свети Николе или Битола стане генерал во бугарската армија, од денешен ваш аспект тоа е предавство, но кој ја лансираше идејата за независна Македонија, нека да бидеме чесни?
Велите Бугари не умирале за Македонија, овде немало Бугари според вас, а Христо Чернопеев е што? Марко Лерински? Атанас Бабата? Тома Давидов, и едно 200 000 обични смртници со расфрлани коски по македонските ридови и полиња, само толку се, опс,опс, опс ги нема имињата во нашата современа историја, ги нема имињата на генералите, стотиците офицери, министри, премиери, ректори, зошто ли?
А децата на колонизаторите станаа најголеми Македонци, српските, чудно или нормално е за вас? На нив е простено, заради федерацијата југословенска ли?
А да, никој не бара од вас и нас да сме Бугари во 2023 година, најмалку од вас ќе бараат, бараат нешто што се вика почит и лесна диверзија на некои чудни историски објаснувања во нашата современа историја.
А дали биле лоши од Софија, професорке, ова е сега развод, не може и брат и Татар фашист како мејнстрим, сепак 1/3 во Бугарија се потомци на тие што не „дале“ништо за Македонија, нели? Да ги заборавиме сите родени во Македонија а имале функции, супер, нели?
А тие што немале, зарем не се луѓе? Или тие успеале да не се „продадат“ за пусти пари и функции… Смешно и жално како се води дебатата, точно тие перцепции доведоа до едно сложено „трето полувреме“, кога немаме браќа од Македонија да преговараат со Софија, ќе имаме експерти, но и Софија има експерти…
Ни еб..те мајката на младите само, но и ние сме виновни, малку ни е ова!